Претставата за прв пат се изведува надвор од матичната сцена, чија премиера беше мај годинава. На големата сцена во Центарот за култура АСНОМ гостиварската публика имаше можност да ја проследи театарската игра на актерите на Драмски театар Скопје: Трајанка Илиева – Вељиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер.
Преставата е работена по текст на Ана Ристоска – Трпеноска, сценографијата е на Костантин Трпеноски, а изборот на костимите на Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев.
Претходните две вечери во рамки на осмото издание на фестивалот беа изведени „Патуковите итроштини“ на Тетовскиот театар и „Љуље сајза“ на Експерименталниот театар од Тирана. Од утре, во продолжение на фестивалот се играат „Еден е Мохамед Али“ на Народниот театар од Сараево, „Медеа бурка“ на Тесалискиот театар од Лариса, а последната вечер во сабота ќе се игра претставата „Лет над кукавичјето гнездо“ на театарот Адриана од Урошевац.
На затворањето на фестивалот ќе бидат доделени четири награди: за најдобар актер и актерка, режисер и престава.
Меѓународниот фестивал „Отело“ се организира со поддршка од Министерството за култура и туризам, Општина Гостивар и Центарот за култура АСНОМ.