понеделник, 11 ноември 2024

Автопатот Демир Капија – Смоквица со времен сообраќаен режим

Во пресрет на продолжениот викенд, Јавното претпријатие за државни патишта соопшти дека на одделни автопатски делници се одвиваат градежни активности и има времен режим на сообраќај за што е потребно соодветно следење на сообраќајните знаци.

Објавено на

часот

Сподели

Времен режим на сообраќај има на А1, делница Демир Капија–Смоквица која е со важност до 1 декември, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на тунел Т1.

Десната тунелска цевка на тунел Т1 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.

Исто така, до 31 декември ќе има времена измена на сообраќајот и на автопатот на делницата Велес-Неготино, поради изградбата на делницата Градско-клучка Дреново, каде што сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно поставена сообраќајна сигнализација.

ЈПДП повикува на внимателност и прилагодување на брзината согласно со условите на патот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ