понеделник, 21 октомври 2024

Проектил погоди болница во Египет, шестмина се повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Шест лица се повредени во египетскиот туристички град Таба, кој се наоѓа во близина на границата со Израел, откако рано утринава проектил погодил тамошна здравствена установа, јави египетската телевизија Ал Кахера.

Објавено на

часот

Сподели

Според Ал Кахера, проектилот што ја погодил Таба е поврзан со борбите во Појасот Газа, кој се наоѓа на околу 220 километри, каде што израелските сили се подготвуваат за копнена инвазија, но не е познато која од завојуваните страни ја истрелала.

Сведок рече дека ја слушнал експлозијата и видел како се крева чад и прашина. Израелската армија соопшти дека е запознаена со безбедносниот инцидент во египетското одморалиште на Црвеното Море во близина на границата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ