петок, 18 октомври 2024

Продолжува судењето за убиствата на 14-годишното девојче и Жежовски

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со испитување на сведоци на обвинителството.

Објавено на

часот

Сподели

На минатото рочиште инспекторите во СВР Скопје и Велес посочија дека двајца од осомничените ги довеле до телата на Вања и Панче. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

На минатото рочиште полицискиот началник Музафер Каишиќ рече дека грабнувачите не користеле мобилен телефон, туку дека користеле радио врска, односно „моторола“.

Каишиќ потврди и дека го нема пиштолот со кој е убиено девојчето, но и дека недостига една лопата.

Информацијата дека Вања е убиена и каде е закопана началникот ја дознал од обвинетиотВлатко Кешишов. Тој сам се понудил да го однесе во селото Бразда, но да не дознае Палчо оти може да го убие.

„Самиот почна да зборува дека е лош човек, дека е нечовек, наговестуваше нешто. Во еден момент рече дека ќе ме однесе мене на едно место, да ми покаже нешто, бараше да одиме сами не сакаше да одиме со другите началници, сакаше јас и тој сами, ми рече ‘ако дознае Палчо ќе ме убие’. Со главата ми посочи кон расфрлени перници и душеци. Дури и со рака не сакаше да покаже, покажуваше со главата кон перниците“, објасни началникот.

На минатото рочиште Љупчо Палевски- Палчо, еден од обвинетите за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, се појави со уште уште еден бранител, адвокатот Јовица Страшевски. Досега адвокатот Марјан Витановски го застапуваше пред судот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ