недела, 14 јули 2024

Продолжува бомбардирањето на Газа: Притисоците се зголемуваат за заштита на цивилното население

Објавено на

часот

Сподели

Околу 400 цели се погодени во малата палестинска енклава од обновените борби во петокот, кога истече еднонеделното примирје и загинаа најмалку 240 лица, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Военото крило на Хамас и сојузничкиот Исламски џихад соопштија дека во саботата истрелале „бараж ракети“ врз израелските градови, вклучувајќи го и Тел Авив.

Израелската армија соопшти дека биле истрелани „повеќе од 250 ракети“ и дека загинале двајца војници.

Во израелскиот напад утрово загинаа најмалку седум лица во преминот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти владата на Хамас.

Израелската армија е распоредена на копно на северот на Појасот Газа, а ги засили воздушните напади на југ, каде што стотици илјади Палестинци се засолниле поради конфликтот, пренесе агенцијата Франс прес.

Палестинските медиуми рано утринава објавија дека армијата изведува опсежни артилериски и воздушни напади низ Појасот Газа.

Целта на нападот е градот Кан Јунис на југ, објави новинската страница Шехаб, блиска до Хамас.

Израелските власти, пак, тврдат дека воспоставиле механизам за да се спречи хуманитарните работници и цивилите во Газа да бидат фатени во вкрстен оган на израелската војска и Хамас.

Како што претходно објасни американскиот функционер, израелски воен офицер ќе биде задолжен за координација меѓу хуманитарните организации и војниците на теренот, за да не бидат насочени кон хуманитарните работници.

Израелската војска продолжува да користи мапа за евакуација на Палестинците за да избегаат од борбените зони.

Портпаролот Авихај Адраи на платформата Х објави дека Палестинците од неколку зони во Кан Јунис мора да одат во назначените безбедни области.

Мапата го подели Појасот Газа на стотици мали зони и армијата ги повика Палестинците да внимаваат на нивниот број и да ги следат новите инструкции на армијата.

Израелската армија утринава соопшти дека воздухопловните сили, меѓу другото, погодиле тунели, командни центри, складишта за муниција и дека „терористичката ќелија била елиминирана со дрон“ во текот на ноќта.

Морнарицата гранатираше цели поврзани со Хамас, вклучувајќи воена инфраструктура, поморски бродови на Хамас и складишта за оружје.

Преговорите за обновување на прекинот на огнот со посредство на Катар се во застој од вчера, а тимот на израелската разузнавачка служба Мосад се врати од Доха по наредба на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој синоќа изјави дека нема друг начин да се победи освен со продолжување на копнената офанзива.

Американската потпретседателка Камала Харис изјави дека Израел мора да направи многу повеќе за да ги заштити цивилите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ