вторник, 22 октомври 2024

Продолжениот викенд не донесе поголеми застои на патиштата

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Привремен прекин на сообраќајот од 30 мај до утре има на регионалниот пат 1102, делница Велес – Градско, во периодот од 8 до 16 часот заради асфалтирање. Затоа во тој период патниот правец ќе биде целосно затворен за сообраќај.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сепак, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Почнувајќи од 8 април 2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.

Жикол Дооел извести дека од 10 мај 2023 г. поради вршење на градежни активности на делницата Струмица – Дабиље, е поставен времен режим на сообраќај.

Од 8 мај 2023 година започнаа градежни активности на објектот „Поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово“, од страна на фирмата изведувач Битем Дооел Скопје согласно склучениот договор помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач Битем Дооел Скопје. На трасата на која се изведуваат градежните работи има времен режим на сообраќај.

Од 26 април 2023 година започнаа градежни активности на Државен пат А1, во насока од Демир Капија кон Неготино, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај со целосно затворање на автопатот на клучката Демир Капија, а сообраќајот е пренасочен на Регионалниот пат Р1102.

Почнувајќи од 6 март 2023, на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.

Според информација од Жикол, поради изведување на градежни работи на државен пат А2, делница Миладиновци – Хиподром, сообраќајот на автопатот ќе се одвива според времен режим.

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново, на државен пат А1, делница Велес – Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од 80 километри на час во зоната на градилиштето. Режимот ќе се применува сѐ до целосна изградба на новата клучка Градско.

Од 3 ноември 2022 започнаа градежни работи на Државниот пат А4, делница Блаце – Скопје. Градежните работи почнаа со комплетно затворање од 11 + 056 км до 12 + 369 км и пренасочување на сообраќајот по околната сообраќајна мрежа.

Г.П. Илинден – Струга известува дека на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата од село Требеништа до Охрид од 13 октомври 2022, е воведен изменет режим на сообраќај. На учесниците во сообраќајот им се препорачува да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.

На регионалниот пат Р1102, односно делница Велес – Градскo поради изведување на  градежни работи наведената делница е затворена за сообраќај од 28 септември 2022 во наредните 9 месеци, и сообраќајот се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.

СТРАБАГ АГ известува дека врз основа на Одобрение за времена измена на режим на сообраќај на државен пат А1 – делница Велес – Неготино, издадено од Министерство за транспорт и врски кое се однесува за изградба на новата клучка Градско (како дел од автопат А1), на гореспоменатата делница се изведуваат градежни работи и во следните 12 месеци, а ќе се применува времената измена на режим на сообраќај.

Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, во зоната на изградба на новата клучка Градско и тоа во правец кон граничен премин Богородица и во правец кон граничен премин Табановце. Сообраќајот ќе се одвива по возната сообраќајна лената, додека нема да може да се вози по сообраќајната лента за претекнување.

Гранит известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време изведба на Aвтопат А4, делница ГП “Блаце” – Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП “Блаце” до село Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до селото на 2 километри пред Граничниот Премин “Блаце” од 1 јуни 2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Според информациите од Пелагонија АД Гостивар, од 5 април 2022 се изведуваат градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар. Сообраќајот се одвива наизменично и е регулиран со семафори.

Стентон градба известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на реката Раец кон Плетвар заради градежни активности од 2 март 2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа се препорачува строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ