недела, 27 октомври 2024

Прободено 14-годишно момче, приведени двајца малолетници

Во Шуто Оризари во Скопје се приведени две малолетни лица откако со остар предмет било повредено 14-годипно момче.

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Чаир при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници, постапувајќи по претходна пријава денеска околу 13:35 часот, дека во населба Шуто Оризари во Скопје од страна на две малолетни лица со остар предмет му биле нанесени повреди на 14-годишен малолетник.

Од МВР, информираат дека повредениот малолетник е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ