Дваесет и две годишниот Д.П.(22) од селото Ангелци бил осуден на три години и шест месеци казна затвор за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, а бил баран по потерница за доиздржување на три години и два месеци од казната.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.
Исто така, МВР информира дека вчера, во 01:10 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода гостиварецот А.И.(29) поради сомнение за инволвираност во трговија со дрога и затоа што бил баран по потерница за издржување на затворска казна.
Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово каде што издржувал казна од една година и шест месеци затвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.