понеделник, 11 ноември 2024

Во Македонија за 3 години издадени се 1.200 лиценци за производство на струја од обновливи извори

За помалку од три години над 1.200 лиценци за производство на струја од обновливи извори поминаа низ регулаторен филтер и се квалификуваа да се приклучат на мрежата. Тоа резултираше со инвестициски бум во обновливи извори кои го стопија увозот на струја од 40 % на 2,75% и денеска тој процес е незапирлив и енергетскиот круг се очекува да се затвори преку инвестиции во батериски системи и обезбедување на балансна енергија, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) на панелот Обликување на обновливите политики: Дијалог со регулаторите од Западен Балкан во рамките на Недела на енергетика на Западен Балкан, што се одржува во Будва, Црна Гора.

Објавено на

часот

Сподели

„Високите цени на електрична енергија е клучниот пазарен сигнал кој ги мотивираше приватните компании да почнат со силен инвестициски циклус во изградба на фотоволтаични централи со цел да добиваат пониски сметки за струја. Кризата не извади од комфор зона и резултатот е: намален увоз од некогашните традиционални 30% до 40 %, сега е 2,75%. Инвестициите во обновливи извори  се тренд кој нема да престане – тоа е нова реалност. Сега треба да се насочат инвестиции кон обезбедување на балансна енергија и во развој на мрежа“, изјави Бислимоски.

Регулаторите од регионот се согласија дека инвестициите во т.н. енергетски автопат – преносната и дистрибутивна мрежа мора да биде приоритет на секоја влада затоа што се гарантира енергетска сувереност преку сигурна и стабилна испорака на енергенси и се намалува можноста за блек аут.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ