недела, 27 октомври 2024

Приведени двајца битолчани за дрска и тешка кражба

Еден битолчанец е приведен отако украл ранец со пари и документи, а друг по кражба на хигиенски средства во болница.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во Битола полициски службеници од СВР Битола, поради сомнение за извршено кривично дело дрска кражба го лишиле од слобода Б.В.(24) од Битола. Имено, Б.В. се сомничи дека одзел ранец во кој имало лични документи и пари.

Исто така, полициски службеници од СВР Битола, поради сомнение за извршено кривично дело тешка кражба, го лишиле од слобода Ѓ.М.(35) од Битола. Тој се сомничи дека од магацински простор на здравствена установа во Битола одзел повеќе средства за хигиена.

Со двајцата биле извршени службени разговори, при што ги признале делата, а одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. По документирање на настаните против двајцата ќе следуваат соодветни пријави“ се вели во соопштението на МВР. 

Фото: МВР – илустрација

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ