недела, 27 октомври 2024

Приведен вооружен маж кој ограбил аптека во Кисела Вода

По помалку од еден час откако вооружен маж ограбил пари од аптека во населбата Кисела Вода, полицијата го уапси лицето. Кај него се пронајдени пари и пиштол.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа, околу 20 часот во Скопје, во близина на трговски центар на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.С. (35) од скопско поради основи на сомнение дека  во 19.19 часот во аптека на подрачје на Кисела Вода, со закана одзел пари.

При прегледот кај него, биле пронајдени и одземени пари и пиштол за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело. А.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението.ж

                                                                                        Фото: Илустрација

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ