среда, 23 октомври 2024

Приведен осуденик баран со потерница

На подрачјето на Карпош, денеска во 12.10 часот  полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј. (28) од Скопје, соопштија од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 237 став 3 во врска со став 19 од Кривичниот законик.

„Лицето е предадено во Полициската станица Карпош, по што ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната“, се наведува во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ