При претрес извршен со наредба од Судија на претходна постапка во дом во Скопје каде што лицето престојува, пронајдени се 45 пакувања марихуана и една вага.
Лицето е приведено во Полициска станица Центар, а по документирање на случајот од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.