Пристигна потврда на она што се најавуваше со недели, Тијаго Мота го превзема кормилото на Јувентус.
„Тијаго Мота е нов тренер на Јувентус. Стратегот стави потпис на договор до 30. јуни 2027 година“ – гласеше известувањето.
Се шпекулира дека Бразилецот со италијански пасош ќе има плата од 3,5 милиони евра по сезона во Торино, која со бонуси може да се искачи до 5 милиони евра.
„Навистина сум среќен што ќе почнам ново искуство на чело на голем клуб како Јувентус. Сакам да им се заблагодарам на сопствениците и раководството, и да им ветам дека моите амбиции се клубот да бележи успеси и да ги израдуваме навивачите“ – рече Тијаго Мота.
Тијаго Мота својата тренерска кариера ја започна во школата на ПСЖ, потоа имаше 10-месечна авантура на клупата на Џенова, а потоа следуваа успешни етапи на клупите на Специја и Болоња.