Судирот избувна кога косовските власти, со помош на полициски специјалци, ги внесоа албанските градоначалници во општините со српско мнозинство, разгневувајќи ги Србите кои се мнозинство во регионот и кои ги бојкотираа изборите на кои се одзваа само 3,5 отсто од гласачите. Гервала Шварц по средбата со чешкиот министер за надворешни работи во Прага кажа дека прекинот на насилствата е услов за разгледување на нови избори.
„Да, отворени сме за избори во тие четири општини, но за нови избори потребни ни се меѓучекори бидејќи ние да распишеме избори а другата страна повторно да ги бојкотира нема смисла“, кажа таа. Го обвини српскиот претседател Александар Вучиќ дека играл улога во неодамнешните насилства сакајќи „да го направи Косово нестабилно“ и да ја смени „реалноста на Балканот“.
„Длабоко сум уверена дека ова насилство не е поврзано за овие четири општини ни за овие избори“, додаде таа.