вторник, 22 октомври 2024

Примопредавање на функцијата, Бобан Николовски нов директор на Царинската управа

Бобан Николовски денеска ја презеде функцијата директор на Царинска управа од својот претходник Стефан Богоев, кој на оваа позиција беше од јуни минатата година.

Објавено на

часот

Сподели

„Спроведување реформски мерки и политики за постигнување висок и одржлив економски раст, борба со криминалот и сузбивање на корупцијата и сивата економија, предвидливо даночно и регулаторно опкружување и намалување на парафискалните давачки за компаниите како и целосна дигитализација и СМАРТ Царина како дел од владините приоритети за смарт Македонија, се само дел од нашите цели“, изјави Николовски за време на примопредавањето.

Николовски е вработен во Царинската управа веќе 15 години, а на функцијата директор доаѓа од позицијата пратеник во македонското Собрание.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ