недела, 14 јули 2024

Примопредавање и во СДСМ – Филипче од Ковачевски ја презеде претседателската функција

Денеска во седиштето на партијата, Венко Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски, кој на Филиче му честиташе на изборот, му посака понатамошен успех во работата и повторно градење победнички СДСМ. Следи период на работа, обединување и реформи, рече Филипче.

Објавено на

часот

Сподели

„Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните. Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите. Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок“, рече Филипче.
Во соопштението од настанот, СДСМ соопшти дека Филипче убедливо победил на директните внатрепартиски избори со освоени над 9.000 гласови од членовите на партијата.
„СДСМ е единствена партија во земјата со толку висок демократски капацитет којашто претседаелот го бира на директни, непосредни внатрепартиски избори“, се вели на крајот од соопштението.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ