петок, 25 октомври 2024

Приказната за борбата против рудникот Иловица се прошири на Балканот

Објавено на

часот

Сподели

Активистите на Здрава котлина на својата фејсбук страница го објавија прилогот со благодарност до авторот и порака дека рудник во струмичко нема да има.

Тие уште објавија дека „одлуката на Владата за поништување на спојувањето на концесиите е само корекција на погрешната одлука и прв чекор за решавање на проблемот со концесиите за Иловица-Штука“.

Следно мора да биде раскинување на договорите за двете концесии согласно законот за минерални суровини. Потсетуваме дека двете концесии се истечени со повеќе од 3 години после максималниот законски рок, за секоја концесија поединечно. Советите на општините Ново Село и Босилово едногласно изгладаа декларација против изградба на рудникот Иловица-Штука. Општините Ново Село, Василево и Босилово изгласаа локален пропис за негативно мислење за нови концесии за рудници на металични суровини. Сите политичките партии, освен ДУИ, се препукуваат во медиумите и искажуваат дека се против рудникот Иловица-Штука. Реално добро е што се согласуваат дека рудник не треба да има, но тоа треба да биде ефектуирано со конкретни дела.
Граѓаните имаа и локални референуми во 2017, а сега во 2023 уште повеќе се против рудници зошто тоа неминовно значи уништување на струмичкиот крај. Впрочем ништо поразлично нема да биде од секаде каде оперираат вакви рудници во најразвиените земји во светот, а да не зборуваме за помалку развиените каде што е и Македонија. Лажговци бизнисмени и политичари имало и ќе има но за ниту еден од нив нема да има каде да бегаат!“, пишуваат од Здрава котлина.
 
Оттаму најавуваат „серија нови настани, протести, блокади и активности кои ќе продолжат да траат до конечното раскинување на концесиите“.
 
„По ретерирањето со одлуката за спојување на истечените концесии оставивме малку простор и еве оставаме уште малку време на Владата да ги донесе правилните одлуки. Одземете ги концесиите веднаш!“, и порачуваат на Владата од Здрава котлина.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ