среда, 23 октомври 2024

Пријавите на ВМРО-ДПМНЕ против екс градоначалници се отфрлат зошто на Абази му суфлира братот на Ахмети, тврди Мицкоски

Објавено на

часот

Сподели

Има многу афери за лица од власта, стигнуваат на дневна основа. Но понекогаш човек има дилема колку далеку да оди. Се поставува прашањето дали треба да се оди уште чекор напред и ние тоа го анализираме, рече Мицкоски.

„Но, сето тоа мора да го документираме утре пледираме да бидеме нова влада и тогаш органите треба да работат на овие индиции кои стигаат до нас, исто и докази. И ќе треба детално да се занимаваат“, посочи Мицкоски.

Мицкоски се осврна и на прашањето дали актуелните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ поднеле кривични за претходниците и каков е исходот од истите.

„Често слушам велат има мнозинство кај градоначалниците кажете колку градоначалници поднеле кривични за нивните претходници ниту една со докази не е процесуирана“, рече Мицкоски.

Исходот е, додаде тој, „сите се одбивани од обвинителството, зошто на Ислам Абази на ушка му седи и суфлира братот на Ахмети“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ