сабота, 19 октомври 2024

Пригожин: Вагнер во моментов не регрутира борци, тоа би можеле да го правиме во иднина

Објавено на

часот

Сподели

Иднината на Вагнер групата и Пригожин е нејасна по краткиот бунт кој тој го предводеше против рускиот одбранбен естаблишмент на крајот на јуни.

Официјална Москва тогаш соопшти дека тој и дел од неговите борци, кои се бореа во некои од најжестоките битки во Украина, ќе заминат за Белорусија.

И покрај тоа, Пригожин присуствуваше на состанок со претседателот на Русија Владимир Путин пет дена по бунтот и беше фотографиран минатата недела во Санкт Петербург, каде Путин им беше домаќин на африканските лидери.

„Денес ги дефинираме нашите следни задачи, чии контури стануваат сè појасни и појасни. Тоа се, несомнено, задачи кои ќе се спроведуваат во име на Русија“, кажа во пораката глас кој звучи како тој на Пригожин.

По јунскиот бунт, Кремљ соопшти дека борците на Вагнер кои не учествувале ќе преминат во редовната војска, потпишувајќи договори со министерството за одбрана.

Очигледно алудирајќи на ова, Пригожин во гласовната порака вели дека „за жал“ некои од неговите борци преминале во други „структури на моќта“, но кажа дека бараат враќање, пренесува Ројтерс.

„Сè додека не почувствуваме недостиг од персонал, не планираме да извршиме нови регрутации“, кажа Пригожин.

„Меѓутоа, ќе бидеме исклучително благодарни ако останете во контакт со нас, а штом на матицата ќе ѝ биде потребно да формира нова група која ќе може да ги штити интересите на нашата земја, ние секако ќе почнеме со регрутирање“.

Од бунтот, некои борци на Вагнер се преселија во Белорусија и почнаа да ја обучуваат нејзината војска. Во коментарите објавени минатата недела, Пригожин кажа дека Вагнер е спремен дополнително да го засили своето присуство во Африка.

Неговата улога таму, особено во поддршката на владите во Мали и Централноафриканската Република, се извор на загриженост на западните влади. Соединетите Американски Држави ја обвинија групата за злосторства и ѝ воведоа санкции како злосторничка организација.

Пригожин тврди дека работи во согласност со законите на земјите во кои дејствува. Минатата недела го поздрави воениот удар во западноафриканската држава Нигер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ