„Извршен е ракетен напад врз кампови на групата Вагнер. Има многу жртви. Според борците што биле сведоци на нападот, тој дошол од задната страна, што значи дека бил лансиран од војници на Министерството за одбрана на Руската Федерација“, рече Пригожин.
Тајкунот, пренесе Медуза, известува дека „огромен број борци се убиени“ и дека групата Вагнер во блиска иднина ќе донесе одлука „како да одговори на ова злосторство“.
?#Breaking, Civil war incoming??
Prigozhin said that the Russian Armed Forces launched a missile attack on the Wagner PMC camps.
“A huge number of our comrades died, we will decide how to respond to this atrocity” – Prigozhin‼️???pic.twitter.com/y8k7CvZTUT
— WarFrontline (@WarFrontline) June 23, 2023
„Тие бедно нè измамија и се обидоа да нè лишат од можноста да ги браниме нашите домови. Бевме спремни да му направиме отстапки на Министерството за одбрана, да го предадеме оружјето и да најдеме решение за тоа како ќе продолжиме да ја браниме нашата земја. Но тоа ѓубре не сакаше да се смирил. Денес, кога видоа дека не сме скршени, решија да извршат ракетни напади врз нашите кампови во заднината“, додаде Пригожин.
За министерот за одбрана Сергеј Шојгу, Пригожин рече: „Тоа суштество ќе биде запрено“.