недела, 20 октомври 2024

Пригожин ги негираше наводите дека на Киев му понудил информации за руските позиции

Објавено на

часот

Сподели

Во аудио пораката што ја објави неговата прес-служба на Телеграм, Пригожин ги нарече тие наводи „бесмислици“ и оцени дека зад нападот врз него стојат жителите на московското предградие Рубљовка, дом на деловната и политичката елита.

Пригожин негираше дека се сретнал со шефот на воено-разузнавачката служба на Украина, Кирил Буданов во Африка, велејќи дека тој не бил на тој континент од почетокот на конфликтот во Украина и ја отфрли идејата за телефонски разговор со него како смешна.

Наводите за понудата на Пригожин ги објави Вашингтон пост, повикувајќи се на обелоденети документи на американската разузнавачка служба.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека извештајот „изгледа како најнова измама“.

Во извештајот на американскиот дневник се потсетува дека членовите на Вагнер ја водеа крвавата битка за Бахмут.

Како што пренесува Вашингтон пост, во јануари Пригожин, во замена за непречено повлекување на своите сили од бојното поле во тој град, ѝ понудил на украинската разузнавачка служба да ги открие позициите на руските сили, но Украина наводно ја одбила понудата, бидејќи не му верувала, пренесе Ројтерс.

Пригожин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, претходно јавно се закани дека ќе ги повлече своите платеници од областа околу Бахмут доколку не ја добие толку потребната муниција од руската армија.

Вашингтон пост тврди дека понудата на Пригожин дошла преку неговите контакти со украинската разузнавачка служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ