петок, 25 октомври 2024

При пасошка контрола полицијата уапси албански државјани, патувале со фалсификувани британски документи

Објавено на

часот

Сподели

На граничниот премин на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, денеска во 14:30 часот полициски службеници ги привеле М.В. и Б.И., на возраст од 24 и 31 година, како и една малолетничка, сите од Република Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„При пасошка контрола и проверка, било констатирано дека лицата на увид приложиле фалсификувани британски патни исправи“, појаснуваат од МВР.

Трите лица биле предадени на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид, за понатамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ