вторник, 22 октомври 2024

Презентирано истражување за Хрватите во Македонија

Во свечената сала на Правниот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје вчера се одржа презентација на извештајот од проектот „Општествени, културни и демографски одредби за зачувување и унапредување на националниот идентитет на Хрватите во Р. Северна Македонија“.

Објавено на

часот

Сподели

Носител на проектот е Институт на општествени науки „Иво Пилар“ од Загреб во соработка со Заедницата на Хрвати во Македонија. На презентацијата поздравно обраќање имаа проф. д-р. Сашо Георгиевски, декан на Правиот факултет, амбасадорка на Република Хрватска во Македонија Нивес Тигањ, в.д. претседателот на Заедницата на Хрватите во РСМ Јосип Туниќ и заменик директорот на Институтот на општествени науки „Иво Пилар“ др. Дражен Живиќ.

Дражен Живиќ, водител на проектот изрази најнапред голема благодарност до Заедницата на Хрватите во РСМ за нивната соработка во проектот, а потоа зборуваше за активностите, за обработените проекти и издадените книги на Институтот „Иво Пилар“ од Загреб.

Врз основа на анкета која ја составија учесниците во споменатиот тим и ја испратија во Заедницата на Хрватите во Македонија обработени се многубројните податоци што ги презентираше д-р. Ивана Бендра.

За периодот од осамостојувањето на Македонија, нејзината транзиција, законите и правата на Хрватите во Македонија и другите етнички заедници осврт даде др. Сандра Цвикиќ, од Институтот „Иво Пилар“, член на проектниот тим.

Ова прво вакво сеопфатно истражување за Хрватите во Македонија кое, согласно добиените податоци, ќе послужи во креирањето на идните политики врзани за хрватската заедница во Македонија.

Модератор и вооедно член на проектиниот тим беше проф. д-р. Гоце Наумовски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје.

Проектот е финансиран од страна на Средишниот државен уред за Хрвати вон Р. Хрватска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ