вторник, 22 октомври 2024

Претставник на ОН: Прелевањето на војната во Сирија повеќе не е само ризик, тоа веќе започна

Војната меѓу Израел и Хамас се шири во Сирија, поттикната од сѐ поголемата нестабилност, насилството и недостатокот на напредок кон политичко решение на 12-годишниот конфликт, изјави денеска специјалниот пратеник на Обединетите нации за земјата Геир Педерсен.

Објавено на

часот

Сподели

Педерсен пред Советот за безбедност рече дека, со насилството во сирискиот конфликт, сирискиот народ сега се соочува со „застрашувачка перспектива за потенцијална поширока ескалација“ по нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври и израелската воена одмазда, пренесува АП.

„Прелевањето на војната во Сирија повеќе не е само ризик, тоа веќе започна“, изјави претставникот на ОН за Сирија.

Педерсен укажа на воздушните напади кои му се припишуваат на Израел, кои неколкупати ги погодија сириските аеродроми во Алепо и Дамаск, и одмаздата на Соединетите Држави за, како што рече, повеќекратните напади врз нивните сили „од групи за кои тврди дека се поддржани од Иран, вклучително и на сириска територија“.

Со оглед на тоа дека регионот е „најопасниот и најтензичниот“, рече тој, „се додава гориво на огнот што веќе почна да се разгорува“ во Сирија, каде што имаше зголемување на насилството и пред 7 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ