понеделник, 21 октомври 2024

Претставничкиот дом на САД одобри воена помош од 14,5 милијарди долари за Израел, Бајден одби

Долниот Претставнички дом на американскиот Конгрес, со поддршка на републиканците, одобри пакет воена помош од речиси 14,5 милијарди долари за Израел, како реакција на САД на војната со Хамас.

Објавено на

часот

Сподели

Но тоа е и партиски пристап на новиот претседател на тоа тело, опозицискиот републиканец Мајк Џонсон, што е директен предизвик за демократите и за американскиот претседател Џозеф Бајден.

Отстапувајќи од нормата, пакетот на Џонсон бара итната помош за Израел да се надомести со намалување на владините трошоци на други места.

Бајден рече дека ќе стави вето на законот.

Џонсон рече дека републиканскиот пакет ќе му ја даде на Израел потребната помош за да се брани, ќе ги ослободи заложниците што ги држи Хамас и ќе ја искорени милитантната палестинска група Хамас, но и ќе работи на „обезбедување одговорно трошење и намалување на големината на американската федерална влада“.

Демократите рекоа дека тој пристап само ќе ја одложи помошта за Израел. Водачот на мнозинството во Сенатот, демократот Чак Шумер, предупреди дека „неверојатно несериозниот“ предлог-закон нема шанси во Сенатот, горниот дом на Конгресот.

Тој прв значаен законодавен напор во Конгресот да се поддржи Израел во војната е далеку помал од барањето на Бајден за речиси 106 милијарди долари што исто така би ја поддржало борбата на Украина против Русија, како и напорите на САД за спротивставување на Кина и решавање на безбедноста на границата на САД со Мексико.

Џонсон рече дека помошта за Украина ќе биде поврзана со американската гранична безбедност, претпочитајќи да ги разгледа барањата на Бајден одделно бидејќи републиканските пратеници сѐ повеќе се противат на помошта за Киев.

Во предупредувањето за вето на Белата куќа се вели дека пристапот на Џонсон „не одговара на итноста на моментот“ и дека ќе постави опасен преседан со барањето итното финансирање да доаѓа од кратења на други места.

Иако износот на Домот за Израел е сличен на она што го бараше Бајден, Белата куќа рече дека неуспехот на републиканскиот план да вклучи хуманитарна помош за Газа е „сериозна грешка“ додека кризата се продлабочува.

Во Сенатот, кој е под контрола на демократите, републиканскиот закон сигурно ќе биде одбиен.

Претставничкиот дом, исто така, во четвртокот со големо мнозинство ја одобри необврзувачката републиканска резолуција за осуда на активизмот на универзитетите во врска со војната меѓу Израел и Хамас, или поддршката за Хамас, Хезболах и „терористичките организации“ во институциите за високо образование.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ