сабота, 19 октомври 2024

Претседателот на руската Дума: Земјите од ЕУ војуваат против Русија

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Државната дума на Русија додаде дека притоа лидерите на европските земји се обидуваат да создадат впечаток дека немаат врска со тоа.

„Земјите на Европската Унија војуваат против нашата земја. Нивната воена техника и оружје, кои се најдоа во рацете на борците на киевскиот режим, се користат за терористички напади на територијата на Русија, напади на цивилното население. Лидерите на европските земји притоа се претвораат дека немаат никаква врска со тоа, како демек (украинскиот претседател Володимир) Зеленски и неговите соработници да го користат оружјето без нивно знаење“, наведе Володин на Телеграм.

Тој укажа дека, наместо да ги осудат „крвавите злосторсва“, лидерите на европските земји размислуваат за уште санкции против Русија.

„Тоа не е ништо друго освен двојни стандарди. Европските бирократи ги користеа и претходно, а ги користат и сега кон нашата земја“, додаде Володин. Според него, од санкциите пред сè страдаат европските држави и граѓани.

„Минатата година е забележана инфлација во Европската Унија која е рекордна откако постои сојузот, а сега еврозоната влезе во официјална рецесија: два квартали по ред се намалува БДП“, додаде Володин.

Тој констатираше дека денес е актуелно само прашањето колку пакети санкции против Русија останале до пропаста на Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ