недела, 14 јули 2024

Претседателот на Иран за време на посетата на Русија го обвини Западот дека „го поддржува израелскиот геноцид“

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси го обвини денес Западот дека го поддржува израелскиот геноцид над Палестинците во Појасот Газа на почетокот на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на низата состаноци посветени на Блискиот Исток, Путин го пречека Раиси во Кремљ еден ден откако ги посети Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, каде разговараше за цените на нафтата и војните во Појасот Газа и во Украина.

На почетокот на состанокот Путин кажа дека е многу важно да се разговара за ситуацијата на Блискиот Исток, особено на палестинските подрачја. Раиси одговори: „Ова што се случува во Палестина и Појасот Газа е, нормално, геноцид и злосторство против човештвото“.

Иран во војната против Израел ја поддржува палестинската група Хамас, која владее со Газа. Русија има односи со сите клучни играчи на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Хамас и Израел.

Аналитичарите сметаат дека војната во Газа ѝ помогна на Русија со свртувањето на вниманието на светот од војната во Украина и ѝ овозможи на Москва со земјите во развој да биде солидарна со Палестинците. Израел ги отфрла обвинувањата за геноцид и тврди дека неговата мета е Хамас, а не цивилите кои гинат во израелските бомбардирања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ