понеделник, 21 октомври 2024

Претседателот на Бугарија против данокот на рускиот гас: Го кршиме уставот

Бугарскиот претседател Румен Радев упати жалба до уставниот суд на земјата со барање да се преиспитаат тарифите кои ги воведоа на увозот и транзитот на рускиот гас преку Бугарија, пренесува агенцијата БТА.

Објавено на

часот

Сподели

Бугарија од 13 октомври воведе акциза од 20 лева (10 евра) по мегават час на транзитот на рускиот гас кој минува преку нејзината територија.

„Разгледуваните тарифи не се во согласност со принципот на законитоста на даноците и таксите, бидејќи правната природа на новиот надомест е суштински нејасна: дали е тоа данок, такса или царина. Амандманите се усвоени во спротивност со правилата за спроведување на законодавната иницијатива и владеењето на правото“, кажа Радев.

Се наведува дека во жалбата се истакнува дека воведувањето на тарифите е „во спротивност со некои аспекти на уставот на земјата“, како и дека претседателот навел дека со новите амандмани се кршат сопственичките права и „слободното економско претприемништво“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ