сабота, 19 октомври 2024

Претседателот на Бразил за војната во Украина: Нема смисла да се зборува кој е виновен

Објавено на

часот

Сподели

„Нема сомнеж, Бразилците го осудуваат руското нарушување на територијалниот интегритет на Украина. се случи грешка и почна војната“, кажа Лула при официјалната посета на Шпанија.

„Нема смисла сега да се расправа за тоа кој е во право, а кој не. Она што сега мораме да го направиме е да ја сопреме војната. Никој во светот не зборува за мир освен мене, како да викам сам во пустина“, додаде Лула.

Лула во последните денови ги разгневи украинските власти сугерирајќи дека би требало да се откажат од полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година. Неговите коментари ги критикуваа ЕУ, Украина и САД, кои го обвинија дека „како папагал ја повторува руската и кинеската пропаганда“.

Кога во Мадрид повторно беше прашан за Крим, Лула кажа: „Не е мое да зборувам за тоа на кого му припаѓа Крим. Кога ќе седнете на преговарачка маса може да зборувате за сè, дури и за Крим. Но нема ја да зборувам за тоа, за тоа ќе разговараат Русите и Украинците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ