понеделник, 21 октомври 2024

Претседателот на Бразил поради повреда на главата го откажа патувањето на самитот на БРИКС

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва го откажа патувањето во Русија откако во саботата си ја повреди главата во несреќа што се случила во неговиот дом. Лула да Силва (78) требаше да отпатува вчера попладне на самитот на БРИКС, група на големи земји во развој во која спаѓаат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Главната болница во главниот град на Бразил објави дека го советувала претседателот привремено да избегнува летови на долги релации. Најавено е дека бразилскиот претседател ќе учествува на средбите преку видео врска. Во соопштение, болницата Сирио-Либанес во Бразил наведе дека претседателот бил советуван да не патува на долги растојанија, но може да продолжи со другите активности како и обично.

Се додава дека Лула при пад во бањата се здобил со расекотина на задниот дел од главата и дека е под надзор на лекар. Повикувајќи се на лекарите во болницата, локалните медиуми објавија дека претседателот бил испратен дома во саботата, откако добил пет конци. Тој потоа се вратил во болница вчера наутро на преглед, а подоцна бил испратен дома, јавуваат локалните медиуми.

Тоа значи дека нема да се одржи неговата прва средба лице в лице годинава со претседателот Владимир Путин. Путин во петокот рече дека нема да присуствува на ноемврискиот самит на Г-20 во Бразил, велејќи дека неговото доаѓање може да ја „наруши“ конференцијата, инсистирајќи дека причината за неприсуството не е налогот на Меѓународниот кривичен суд за негово апсење.

Минатата година, Путин го прескокна претходниот самит на БРИКС во Јужна Африка, откако МКС издаде налог за негово апсење, а Бразил и Јужна Африка, кои се ко-потписници на МКС, се очекува да помогнат во апсењето на Путин. Групата БРИКС некои ја гледаат како алтернатива на групата Г7 напредни економии.

Форумот е основан пред 15 години од главните пазари во развој Бразил, Русија, Индија и Кина, а оттогаш се прошири во Јужна Африка, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати. Самитот годинава ќе се одржи во рускиот град Казан од вторник до четврток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ