сабота, 19 октомври 2024

Претседателот на Азербејџан распиша предвремени претседателски избори

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев денеска распиша предвремени претседателски избори за 7 февруари, се наведува во документот објавен од неговиот кабинет.

Објавено на

часот

Сподели

Алиев (61) последен пат беше реизбран во 2018 година на седумгодишен мандат, а со оглед на тоа што политичкото несогласување во голема мера е потиснато, речиси сигурно е дека ќе освои нов мандат следната година.

Во септември, Алиев нареди молскавична офанзива по деветмесечна блокада за да ја врати контролата врз отцепената територија Нагорно-Карабах, контролирана од етнички Ерменци, што беше втор успешен напад во последните три години.

Така, тој го исправи она што тој и повеќето во Азербејџан го гледаат како историска неправда на де факто отцепувањето на регионот во крвавиот етнички конфликт што следеше по распадот на Советскиот Сојуз кон крајот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите.

Потпомогнат од нафтеното богатство на својата земја, Алиев склучи силен сојуз со турскиот претседател Таип Ердоган, а во исто време успеа да одржи активни односи и со Русија и со Западот, длабоко спротивставени околу војната на Москва во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ