понеделник, 21 октомври 2024

Претседателката на Европскиот парламент: Западниот Балкан припаѓа во ЕУ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Таа на Твитер наведе дека „патот до членство во ЕУ е моќна алатка за реформи и за промени“, која ќе обезбеди „демократија, безбедност и просперитет“.

Мецола во твитот објави и видео порака, во која истакнува дека ЕУ е свесна дека земјите од Западниот Балкан бараат да се забрза процесот на придружување на Унијата, но дека во процесот на евроинтеграциите соработката меѓу западнобалканските земји е од „критична важност“.

Таа порача и дека перспективата за членство во ЕУ служи како силен поттик за напредок во реформите, кои се клучни за подобрување на управувачката структура, владеењето на правото и промоцијата на медиумските слободи.

Потсетувајќи дека во меѓувреме на БиХ ѝ е доделен статус на кандидат за членство во ЕУ, а дека на граѓаните на Косово со визната либерализација им е овозможено да патуваат во земјите од шенгенската зона, Мецола сугерираше дека земјите од Западниот Балкан треба да го продолжат усогласувањето со критериумите на ЕУ и „да направат решителни чекори кон решавање на билатералните несогласувања“.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел, на почетокот на состанокот за Мапата на патот за Западниот Балкан против нелегалната трговија со оружје, порача дека заедничката работа „ќе ја направи Европа побезбедна“, а дека тоа „станува уште поважно во времето на предизвици во кое живееме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ