понеделник, 21 октомври 2024

Пресметка меѓу мигранти на границата на Србија и Унгарија: Тројца убиени, еден ранет

Тројца мигранти се убиени во престрелка што се случила рано утринава во напуштени објекти на поранешниот земјоделски имот на Бачка во близина на населеното место Хоргош, потврдија за РТС од Полициската управа во Кикинда.

Објавено на

часот

Сподели

Хоргош е населба во Војводина, на границата меѓу Србија и Унгарија. Во престрелката е ранет уште еден мигрант, на кој му се укажува лекарска помош.

Иако престрелката се случила надвор од населеното место, граѓаните на Хоргош се вознемирени и од рано утрото на социјалните мрежи пишуваат за пукањето што се слушало во пограничната област.

„За жал, доживеавме и Хоргош да е место слично на блискоисточниот фронт! Од 4 часот наутро се пука од автоматско оружје околу селото?! Што уште ќе има?“, стои во еден од коментарите на социјалните мрежи.

На местото на настанот пристигнале јаки полициски сили кои трагаат по сторителите. Известено е и Вишото јавно обвинителство во Суботица.

Телеграф пишува дека станува збор за пресметка на две групи мигранти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ