вторник, 22 октомври 2024

Премиерот се надева дека со Грција може да се разговара како со добри соседи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека доколку има средба со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис на престојниот Самит на НАТО во Вашингтон се надева дека ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и како добри соседи, доколку дојде до таков разговор. Ако не дојде се надевам дека набргу ќе дојде“, истакна Мицкоски во врска со престојниот Самит на НАТО во Вашингот и со изјавата на грчкиот премиер Мицотакис дека очекува од Мицкоски да го користи уставното име на земјата и за внатрешна и за надворешна употреба и дека конкретното прашање ќе го покрене и на претстојниот Самит во Вашингтон.

Мицкоски истакна дека ставот на Владата е градење добри односи со сите соседи, но оти дека таквите односи се двонасочна улица.

„Нашиот став како Влада е дека сакаме да имаме добри односи со соседите, дека сакаме да градиме мостови за соработка, дека тоа за нас е двонасочна улица. Досега претпоставувам биле навикнати на еднонасочна улица, но сега сме ние политичари и Влада која што сака да водиме добрососедска двонасочна улица и така ќе продолжиме да се однесуваме“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во Владата на настанот на кој ја најави новата германско-белгиска инвестиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ