вторник, 22 октомври 2024

Премиерот на Црна Гора: Макрон ми кажа дека сме првата следна членка на ЕУ

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ кажа во Париз по средбата со Емануел Макрон дека претседателот на Франција му кажал дека Црна Гора ќе биде првата следна членка на Европската Унија, и му понудил стручна и секаква друга помош.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Спајиќ за ТВЦГ кажа дека средбата во Елисејската палата била одлична, и дека Црна Гора има голема поддршка од Франција. Додаде дека тој и Макрон разговарале за стратегиски документ, кој би бил основа за партнерство на двете земји, истакнувајќи дека претседателот на Франција прифатил една таква иницијатива.

„Прво ќе работиме на одбраната, па министрите за здравство ќе се сретнат во Париз за да работат на тој дел од проектот. Ќе имаме и инфраструктура во контекст на развој на автопати и железница, како и екологија. Очекуваме забрзан развој на билатералните односи“, кажа Спајиќ. Истакна дека Црна Гора добила сериозен „ветар во едрата“ од Франција околу прашањето на ЕУ интеграцијата и дека Макрон кажал дека верува дека Црна Гора ќе биде првата следна членка на ЕУ.

Спајиќ кажа дека целта на Црна Гора е и пред 2030 да биде спремна за зачленување, но дека моменталното темпо на реформите е гарант на посветеноста на неговата земја на таа цел.

Спајиќ го поканил Макрон да ја посети Црна Гора на одбележувањето на 20-годишнината од обновувањето на независноста во 2026 година.

„Констатирано е дека Црна Гора и Франција имаат конвергентни ставови во контекст на израелско-палестинскиот конфликт, како и за војната во Украина“, соопшти црногорската влада и истакна дека Црна Гора би можела да биде исклучително важен фактор на стабилноста на Западен Балкан поради добрите односи со соседите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ