вторник, 22 октомври 2024
Во рамки на Самитот на НАТО

Премиерот Mицкоски се виде со американскиот претседател Бајден и беше во Белата куќа

На офцијалниот почеток на Самитот на НАТО во Вашингтон, премиерот Христијан Мицкоски се ракуваше и фотографираше со домаќинот, американскиот претседател Џо Бајден, и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Објавено на

часот

Сподели

„На официјалниот почеток на НАТО самитот во Вашингтон. За државните интереси, за јакнење на демократијата и подобар живот на нашите граѓани“, напиша Мицкоски потоа на Фејсбук.

Подоцна вечерта Мицкоски објави дека бил и во Белата куќа, каде, како што објави, лобирал за Македонија.

„Присуствував на вечерата во Белата куќа која ја организираше претседателот на САД, Џо Бајден за шефови на влади и држави по повод 75 годишнината од НАТО. Оваа можност ја искористив да лобирам за Македонија и да испратам порака дека регионот наместо со минато потребно е да се занимава и гради иднина. Потребен е нов пристап и политика на аргументи“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ