понеделник, 21 октомври 2024

Прелиминарни резултати од референдумот во Молдавија: половина гласачи се „за“ ЕУ (ВИДЕО)

На вчерашниот референдум во Молдавија за влез во Европската Унија, според последните резултати, половина од гласачите што излегле на гласање се изјасниле за опцијата „за“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Врз основа на 97,66 отсто изброени гласови, веб-страницата на Централната изборна комисија на Молдавија објави дека 50 отсто од Молдавците гласале „за“, и покрај притисокот од Русија, пренесува Ројтерс.

Сепак, конечниот исход од гласањето сè уште е неизвесен, бидејќи делумните резултати – кои беа објавени пред неколку часа – покажаа дека 57 отсто од Молдавците се неодлучни за влезот во ЕУ.

Аналитичарите посочуваат дека на крај се бројат гласовите од дијаспората, која е претежно проевропски ориентирана, што, како што велат, го дало последниот поттик на проевропските аспирации.

Иако далеку од голем успех, резултатите од гласањето одат во прилог на актуелната проевропска претседателка Маја Санду, која вчера се натпреваруваше на истовремено одржаните претседателски избори за да ја задржи својата функција.

Рано утрово беше објавено дека врз основа на 97,7 отсто изброени гласови, таа добила поддршка од 41,91 отсто од гласачите. Референдумот и претседателските избори се сметаат за тест за подготвеноста на длабоко поделената нација да одржува блиски врски со Русија или да го почне потенцијално долгиот процес на пристапување во Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ