петок, 22 ноември 2024

Прекинат алармот за загадувањето во Скопје и Струмица – Скопје не се гледа од магла

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Скопје и Струмица. Соопштението на минитестерството доаѓа во ден кога Скопје е длабоко потонато во магла, како што се гледа од фотографијата, преземена од камера на ЈСП лоцирана кај Антенскиот столб на врвот на Водно. Состојбите денеска сепак, не се сосема добри во сите скопски населби, а воздухот не е добар во Струмица и Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 4 јануари (вчера, н.з.) среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мг/м3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица, се вели во соопштението на МЖСПП.

Со тоа, мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат, нагласуваат од МЖСППП.

Инаку, на интернет страниците кои го следат квалитетот на воздухот во светот, со концентрација од 150 мгм3 ПМ10 честички градовите се рангираат вообичаено меѓу првите 20-тина градови каде воздухот не е добар или е на прагод да биде дефиниран како „нездрав“ воздух.

Денешната илустрација што за Скопје ја покажува интернет страницата waqi.info, може да се види дека воздухот е почист, но дека има неколку места, населби во главниот град каде воздухот е дефиниран како „нездрав“, што може да се види од илустрацијата, каде конкретно на прикажаното мерно место се измерени 174 мг/м3.

Но тоа што не го споменува, или не го мери МЖСПП, се поопасните ПМ2,5 честички чија концентрација е вообичаено повисока во Скопје во однос на ПМ10 честичките. На многу локации обележани со жолта боја, ПМ2,5 концентрациите се со црвена боја. Како на пример кај училиштето Нова во Карпош.

На интернет страницата Ервижуал Скопје во 10.31 часот е на 30-то место во светот денеска е на 30-то место во светот, со 88мг/м3, по Загреб и пред Белград.

Aко вчера бил спуштен прагот за аларм во Струмица, денеска прагот е надминат и waki.info прикажува 179 мг/м3. Нездрав е и воздухот во Велес каде концентрациите се и повисоки.

Секако, министерството своите податоци ги темели на свои мерни станици.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ