сабота, 19 октомври 2024

Предупредување на Европската комисија: Чипс од Србија содржи канцерогена супстанца

Објавено на

часот

Сподели

Високо ниво акриламид е најдено во чипс со вкус на пиперка во Србија, објавено е на сајтот на Европската комисија.

Земјата на пријавување е Хрватска, а известувањето се однесува на Хрватска и Србија, се наведува на сајтот на европскиот систем за брзо тревожење.

Производот на влегол на пазарот на Хрватска и бил безбедно уништен, пренесува Н1.

Станува збор за ребраст чипс со вкус на пиперка од 150 грама на произведувачот Чипс веј од Чачак, пакуван како трговска марка за хрватскиот ланец Плодине.

Акриламидот обично се наоѓа во лебот, пржениот компир, чипсот, житарките за појадок, кексот, крекерите и кафето.

Како што соопшти хрватската Агенција за храна, се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на канцер кај сите старосни групи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ