среда, 5 февруари 2025

Предлог на законот за средно образование повлечен од собраниска процедура

Владата го повлече од собраниска процедура Предлог на закон за средното образование, второ читање. Ова го соопшти претседателката на собраниската Комисија за образование, наука и спорт Иванка Василевска на денешната седница, на која присуствува и министерката за образование и наука Весна Јаневска. Пратениците на Европскиот фронт изразија задоволство од одлуката на Владата и побараа еден час пауза за координација.

Објавено на

часот

Сподели

Владата со допис од 20 декември го повлекува Предлог-законот за средно образование, во второ читање, информираше Василевска пред усвојувањето на дневниот ред на комисиското заседание.

Илире Даути и Арбана Пашоли од коалицијата на Европскиот фронт изразија задоволство од повлекувањето на Законот, посочувајќи дека не се согласувале со неколку ставови во овој закон, особено со член 54 со кој се предвидуваше интонирање на државната химна, за што одлучува основачот, на прослава на денот на средното училиште (патронат), на почетокот и на крајот на наставната година и завршувањето на средното образование.

 

Според Даути, тоа треба да ја рефлектира мултинационалната разноликост и потребна е дебата за ваков закон.

Пашоли, пак, додаде дека по повлекувањето на законот пратениците на Европскиот фронт треба да се координираат и побара еден час пауза. Седницата ќе продолжи во 14 и 20 часот.

На дневен ред на комисиската седница се и Предлог-закон за образование на возрасни, Предлог-закон за стручно обрзование и обука и Предлог -закон за измени и дополнувања на Законот за основното образование, сите во второ читање. За овие закони се поднесени триесетина амандмани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ