Во СМС пораката има и контакт број за медицинска помош „во случај на изложеност“ и се наведува дека шишињата биле дистрибуирани и во канцелариите на претседателката Роберта Мецола.
Прес-службата на Европскиот парламент соопшти дека надлежните се информирани за сѐ. „Во тек се проверки“, напишаа од прес-службата. „Пораката е испратена како мерка на претпазливост“, се додава.
Официјален претставник на ЕУ рече дека повеќе луѓе се разболеле, но се опоравиле откако пиеле флаширана вода, веројатно од лошо измиени стаклени шишиња, пишува Политико.
„Добро е што пиев вино“, се пошегува еден функционер на ЕУ.
Зградата во Стразбур долго време има проблеми со безбедноста на водата за пиење, но најчесто тоа е водата од чешмите, пишува Политико.
Во 2021 година, покојниот претседател на парламентот Дејвид Сасоли ја отфрли идејата дека фатил легионерска болест од водата во зградата на институцијата во Стразбур.