среда, 24 јули 2024

Пратениците од Европскиот фронт ја напуштија седницата нема да гласаат за новата влада

Европскиот фронт вечерва ја напушти собраниската седница на која се дебатира за изборот на нова влада. Блерим Беџети, координаторот на пратеничката група рече дека нема да гласаат за новата влада бидејќи таа „нема легитимност од етничките заедници“. Напуштањето на седницата за избор на влада е во знак на револт поради кратењето на листата на пријавени за дискусија, изјави на прес-конференцијата во Собранието пратеникот од коалицијата на Европскиот фронт Зијадин Села

Објавено на

часот

Сподели

„Ние не сме дел од овој циркус. Ве информираме дека нема да учествуваме на гласање бидејќи немаме право од мнозинството Албанци и другите етникуми да легитимираме една влада која што нема легитимност од етничките заедници. Оневозможувате но не може устата да му ја затворите на мнозинството Албанци кои што гласаа друг член и господине мандатар тие ќе зборуваат. Мене ми е јасно дека вие сте нашле добри измеќари. Од вашата активност во Велес вие кажавте дека сте ги вратиле 2/3 од позициите и да се Албанци тие се граѓани на оваа држава, но премиерот треба да владее и да биде премиер за сите граѓани и за сите етникуми. Од дебатите што ги имавме овде, од мешањето на Албин Курти, овде го имаме Стоиљковиќ давајќи поддшка за Влен и ќе биде министер за односите меѓу заедниците“, истакна пратеникот од ДУИ, Блерим Беџети.

На мандатарот Мицкоски му рече дека прави влада со тие што изгубиле и оти создава етнички спор во Македонија.

„Не слушнавме ниту еден збор за Отворен Балкан, за законите што треба да се менуваат, а се дел од тој проект“, рече Беџети.

Халил Снопче од Вреди реплицираше дека кога нема што да кажеш, правиш драма и си одиш.

„Побараа пауза од еден час во 20 часот, и кога нема што да зборуваш излегуваш од салата“, рече Снопче.

Напуштањето на седницата за избор на влада е во знак на револт поради кратењето на листата на пријавени за дискусија, изјави на прес-конференцијата во Собранието пратеникот од коалицијата на Европскиот фронт Зијадин Села образложувајќи ја одлуката да ја напуштат седницата и да не учествуваат во гласањето за новата влада.

„Европскиот фронт нема да учествува во гласање на една власт, на ова мнозинство кое е потполно делегитимирано кај албанското гласачко тело и другите етнички заедници тука во Северна Македонија. Изразуваме револт што ова мнозинство го почнува првиот ден со обид за да се спречи слободниот говор и изразување на пратеник, на пратеници. Иако, беше договорено да се консумира целата листа кои се пријавени за збор, во последен момент интервенираа преку реплики по ист терк како и во 2017 година кога оневозможуваа да се случи промената на мирен и демократски начин. Истата таа стартегија денеска после осум часот ја воспостави ВМРО-ДПМНЕ  заедно со нивните вазали, пратениците од Влен. На говор на еден пратеник, иако овие два дена немаше повеќе од 2-3 реплики, се пријавија 43 реплики. Ако вака мислат дека ќе оневозможат и мене лично или кој било друг пратеник на Европскиот фронт да си кажат тоа што е вистина, нема да успеат, само ќе ни дадат уште повече енергија да бидеме уште повеќе гласни“, рече Села придружуван од целата пратеничка група.

Легитимитетот кој тие го добиле од граѓаните, додаде Села, ќе го бранат, наведувајќи дека тој е и нумерички, но и програмски.

„Првиот легимтимитет нумерички е на Европскиот фронт – над 30 000 гласови повеќе од Коалицијата Влен. Исто и со пратеници 18 со 14 иако во оваа 14-ка имаше изборен инженеринг. Легимитимитетот е и програмски. Денот кога не се држиш кон главните начела на своите ветувања тој ден го губиш легитимитетот, рече Села наведувајќи меѓу другото дека во програмата на Мицкоски никаде не постои ниту збор ниту реченица од програмата на Влен, нема рок за европските интеграции, а за меѓуетничките односи има два -три збора“, рече Села.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ со Програмата сакаат да покажат супремација над сите други етнички заедници.

„Реалноста во Македонија е дека над 54 отсто се Македонци, над 30 отсто се Албанци а заедно со сите други етнички заедници се 46 осто од вкупното население и Македонија мора да води политики врз база на оваа демографска реалност“, рече Села.

Собранието ја продолжи седницата по еден час пауза на барање на Беџети.

Новата влада, предводена од Христијан Мицкоски, треба да биде избрана најдоцна на полноќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ