сабота, 19 октомври 2024

Пожарот кај Осиек е локализиран, но сѐ уште гори, чадот стигна и до БиХ (ВИДЕО)

Пожарот попладнево е локализиран и сега е под надзор, посочуваат од градската управа и додаваат дека сѐ уште е во тек активно гасење на пожарот.

Објавено на

часот

Сподели

Во објектот на компанијата „Драва интернационал“ во Осиек кај приградската населба Бријест во средата по полноќ избувна пожар на складираната пластика на отворен простор, кој професионални и доброволни противпожарни бригади се обидуваат да го локализираат, извести цивилната заштита на Осиек.

Граѓаните биле предупредени од Системот за рано предупредување и управување со кризи (СРУУК) да ги затворат прозорците и да не се задржуваат надвор.

Густиот црн чад што надвисна над поголем дел од округот е токсичен и опасен, а веќе стигна и до Босна и Херцеговина.

Во гаснењето на пожарот помага и робот за цивилна заштита на далечински управувач, кој може да дојде доволно блиску до пожарот, каде што пожарникарите не можеле. Според последните информации при интервенцијата за гаснење на пожарот повредени се вкупно тројца пожарникари, од кои еден добил тешки телесни повреди.

Со години имало предупредувања за начинот на складирање на пластиката во оваа фабрика и сега се повикува на истрага и утврдување на пропустите во овој случај.

Според информациите на пожарната служба на Осиек, пожарот во текот на попладневните часови е локализиран и сега е под надзор, посочуваат од градската управа и додаваат дека сѐ уште е во тек активно гасење на пожарот, како и натапкување на површините со пластика.

Пожарникарите ќе дежураат на местото на пожарот во текот на целата ноќ.

„Во текот на ноќта што е зад нас дојде до пожар во нашиот магацин со суровини, поточно ПЕТ шишиња и полиетиленска фолија. Истрагата е во тек, а наш примарен интерес е што поскоро да се изгасне пожарот и да се утврдат околностите на овој немил настан. И покрај сите мерки на претпазливост што ги применуваме, ваквите инциденти укажуваат на можност за надворешно влијание, што истрагата дополнително ќе го разјасни. Нашите мисли се со повредените пожарникари и нивните семејства, им посакуваме успешно и брзо закрепнување“, соопшти Драва интернационал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ