сабота, 19 октомври 2024

Пожарите во Грција слабеат, огнот на Родос е изгасен

Објавено на

часот

Сподели

Во пожарите, поттикнати од високите температури и силните ветришта, загинаа пет лица, уништени се куќи, фарми и фабрики и изгорени делови од шумските подрачја, пренесува Ројтерс.

Пожарникарите вложиле „натчовечки напори“, но не успеале да го скротат пожарот кој повторно се разгорува во областа на Волос и во Агијалос, кажа портпаролот на пожарникарите Јоанис Артопојос.

Десетици пожарникари ги гаселе пожарите во таа област, со помош на пет авиони и хеликоптери, поради стравот силниот ветар да не предизвика нови пожари, соопшти тамошната пожарникарска бригада.

Министерството за труд на Грција ги повика работодавачите во индустриската зона во Волос да ја прекинат работата.

На островот Родос, каде повеќе од 20.000 туристи и локални жители ги напуштиле приморските хотели и куќите за време на викендот, пожарите стивнале откако изгореле околу 10 отсто од површината на островот.

Тимовите 11 дена дејствувале во обид целосно да го скротат огнот на сите фронтови.

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис кажа дека треба да се преземат повеќе чекори во борбата против ефектите на климатските промени, истакнувајќи ја потребата дополнително да се подобрува превенцијата на пожарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ