Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане вчера од 14:20 до 18:30 часот со едно противпожарно возила и двајца пожарникари интервенирале на запалена нискостеблеста шума и ниска вегетација кај селата Степанце и Бајловце.
„Во последното деноноќие имало извештаи дека на повеќе места во државата пожарникарите имале помали интервенции, што најчесто значи дека имало гаснење пожари на отворено: отпадоци, контејнери“, соопшти ЦУК.
ЦУК апелира да не се палат отпадоци и контејнери на отворено бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух и граѓаните да ги слушаат препораките на пожарникарите во поглед на чистење на оџаците.
Граѓаните да внимаваат при прошетките во природа на повисоките места и планините во нашата држава бидејќи при вакви зимски услови со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите.