вторник, 16 јули 2024

Пожар во болница во близина на Рим, најмалку три лица загинаа, околу 200 пациенти се евакуирани (ВИДЕО)

Пожар избувна во болница во предградие на Рим, при што загинаа најмалку три лица, соопштија денеска локалните власти. Властите наредија евакуација на установата и пациентите.

Објавено на

часот

Сподели

Државната телевизија РАИ Њуз објави дека две лица починале од вдишување чад, а трето од срцев удар. Пациентите на интензивна нега во болницата „Сан Џовани Евангелиста“ во Тиволи веднаш биле префрлени во други болници со брза помош, се вели во соопштението од кабинетот на градоначалникот на Тиволи. Помалку критични пациенти биле преместени во блиската општинска сала.

Пожарот избувнал вчера доцна вечерта, а подоцна бил ставен под контрола. На видеото што го објавија пожарникарите се гледаат противпожарни екипи на скали кои се обидуваат да стигнат до горните катови на болницата додека од нив излегува чад, пишува АП.

Тиволи, кој се наоѓа на околу 35 километри од Рим, е популарна туристичка дестинација. Најпознат е по археолошките локалитети Вила д’Есте и Вила Адријана, и двете припаѓаат на светското наследство на УНЕСКО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ