вторник, 22 октомври 2024

Пожар избувна во јужнокорејска фабрика за батерии, 22 лица загинаа

По силна експлозија во фабрика за литиумски батерии во Јужна Кореја избувна пожар при што загинаа 22 работници, повеќето кинески државјани, соопштија локалните пожарникари, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот, кој во голема мера е изгаснат, ја зафати фабриката што ја води производителот на батерии Арисел во Хвасеонг, голем индустриски конгломерат на околу 90 минути југозападно од главниот град Сеул.

Меѓу загинатите има 18 кинески работници и еден од Лаос. Националноста на другите починати работници сè уште не е потврдена, изјави за новинарите Ким Џин-Јонг, локален пожарникар, повикувајќи се на информации од претставници на компанијата.

Пожарот избувнал во 10:31 часот откако серија батериски ќелии експлодирале во магацин со околу 35.000 единици, рече Ким. Што ја предизвикало експлозијата останува нејасно, додаде тој.

Поради интензитетот на пожарот, на спасувачите им било тешко да ги идентификуваат загинатите, додаде Ким.

Две лица се згрижени поради големи изгореници, соопштија властите на местото на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ