вторник, 22 октомври 2024

Повторно уапсен Доналд Трамп

Објавено на

часот

Сподели

Тој е обвинет за незаконско задржување доверливи документи и лажење на службениците што се обиделе да ги вратат, но Трамп продолжува да тврди дека е невин и вети дека ќе продолжи со кампањата за изборите во ноември 2024 година.

Трамп е првиот поранешен или сегашен американски претседател што се соочува со кривичен прогон, но правните експерти велат дека тоа не го спречува да се кандидира за функцијата или да ја преземе функцијата претседател дури и ако е осуден.

Трамп во судницата се изјасни за невин по сите 37 обвиненија, пред американскиот судија Џонатан Гудман.

Сослушувањето беше затворено за камери и пренос во живо.

Алина Хаба, адвокатка и портпаролка на Доналд Трамп, застана во одбрана на поранешниот американски претседател пред судот во Мајами.

„Одлуката да се обвини Трамп, а да се мижи за другите, е симбол за корупцијата што ја имаме овде“, рече Хаба, повторувајќи ги тврдењата на Трамп дека обвиненијата се политички мотивирани.

„Ние сме на пресвртница во историјата на нашата нација. Ова е насочено гонење“, рече таа. Иако Хаба е адвокатка на Трамп, таа не го застапува во овој случај.

Трамп беше уапсен и во почетокот на април годинава во судот во Њујорк, во случај на измама поврзана со пари исплатени на порноѕвезда во 2016 година, што е правен настан без преседан за некој поранешен американски претседател.

Трамп е обвинет дека ги прекршил правилата за финансирање на кампањата бидејќи наводно ѝ платил на порноѕвездата Сторми Даниелс за да молчи за нивната врска, пред претседателските избори на кои ја победи демократката Хилари Клинтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ