вторник, 22 октомври 2024

Повторна ерупција на вулкан во Исланд, лава се излева по патиштата (ФОТО+ВИДЕО)

Вулкан во југозападен Исланд денеска еруптираше по трет пат од декември, исфрлајќи лава висока до 80 метри, што го наруши секојдневниот живот на полуостровот Рејкјанес.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Фонтани од светло портокалова стопена карпа избиваат од пукнатините во земјата, а лавата веќе ги премина патиштата кај Сината лагуна, луксузната геотермална бања која е затворена поради ерупцијата.

Лавата оштети и термални цевки за вода во областа јужно од главниот град и го прекина снабдувањето со топла вода за 20.000 луѓе. Може да поминат денови за повторно да се воспостави снабдувањето со топла вода преку помошниот цевковод.

Цивилната заштита побара од домаќинствата и компаниите умерено да ја користат електричната енергија.

Река лава моментално е на само еден километар од геотермалната централа Свартсенги, изјави Рике Педерсен, раководителка на Нордискиот вулканолошки истражувачки центар во Рејкјавик. Вулканските ерупции на полуостровот Рејкјанес се т.н ерупции на пукнатини кои се јавуваат кога лава со низок вискозитет излегува од пукнатините на Земјата во должина од неколку десетици километри.

Рејкјанес е вулканско и сеизмичко жариште југозападно од главниот град Рејкјавик. Само во последните две години имаше четири ерупции на тој полуостров. На специфична локација меѓу евроазиските и северноамериканските тектонски плочи, двете најголеми на планетата, Исланд е сеизмичко и вулканско жариште бидејќи под неговата површина двете плочи се движат во спротивни насоки.

Само полуостровот Рејкјанес има шест активни вулкански системи, а ерупциите можат да се активираат од време на време во текот на повеќе децении, можеби дури и во векови, рече професорот по геофизика Магнус Туми Гудмундсон. Целиот Исланд има над 30 активни вулкани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ